Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп денеска треба да пристигнат во главниот град на Виетнам, Ханој.
Виетнам се подготвува денеска да го пречека специјалниот воз на Ким на железничката станица Донг Данг, оддалечена четири километри од границата со Кина.
Трамп синоќа полета од Вашингтон и треба да слета на меѓународнито аеродром Нои Баи.
Американскиот претседател на Твитер објави дека се радува на „многу продуктивен самит“ со Ким.
Heading over to Vietnam for my meeting with Kim Jong Un. Looking forward to a very productive Summit!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) February 25, 2019
Севернокорејскиот лидер на 23 февруари тргна од Пјонгјанг со воз во придружба на високи владини претставници и неговата сестра, за во Ханој да стигне на Самитот што е закажан на 27 и 28 февруари.
Ким во Донг Данг ќе пристигне со воз, а потоа до Ханој ќе патува со автомобил.
Самитот во Ханој е прва средба помеѓу Трамп и Ким по „историската средба“ во Сингапур по осум месец, на која ветија дека ќе работат за целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.