Маската на заштитниците на животната средина повремено паѓа. И тогаш добиваме увид во елитистичкото и авторитативно движење кои се кријат под „зелената фасада“. Хистеријата околу дождовните шуми во Бразил претставува таков момент, пишува уредникот на американскиот портал „Спајкд“, Брендан О’нил, во неговата колумна насловена „Зошто Бразилците не би ги палеле своите дрвја?“.
Додека добростоечките, привилегирани западњаци беснеат против Бразил поради дрскоста за користење на сопствените ресурси како што сака, флертувајќи со идејата за испраќање на странски сили да се справат со ситуацијата во Амазонија, можеме да го видиме империјалистичкиот начин на размислување поттикнат од „зеленото“ размислување. Во период од неколку дена заштитниците на животната средина го сменија ставот од „се грижиме за планетата“ во „како овие се осмелуваат да се спротистават на нашите диктати“.
Тоа е момент што открива многу. Не треба да бидете поддржувач на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро за да ви биде непријатно во врска со згрозеноста на Западот со неговата политика за животната средина. Се јавуваат тврдења дека Бразил се соочува со најголемиот број на пожари досега, но не се споменува дека евиденцијата се води од 2013 година, со што ова не е крајот на светот. Отсекогаш имало пожари во Амазонија. Некои предизвикани од природата, други од луѓето – дрвосечачите или фармерите.
Леонардо Дикаприо вели „ако Амазонија отиде, тогаш ќе отидат и луѓето“. Па, Бразил така не убива сите. Болсонаро преку давање на зелено светло за развој во дождовната шума држи пиштол вперен кон човештвото. Не е ни чудно зошто Емануел Макрон предложи интернационална конференција за спас на дождовната шума, додека екологистите велат дека мораме да интервенираме. Западњаците одат во странство да спасат природни ресурси од неукото локално население. Да, тоа помина многу добро во минатото.
Во дискусијата за дождовните шуми се користат библиски термини за да се опишат вообичаени појави, како и колонизаторскиот поглед според кој локалното население е претставено како деструктивно и неодговорно, додека западњаците, како што е Франција, се претставени како спасители на природата и човештвото. Ваквиот начин на размислување претставува една од клучните идеи на движењето за заштита на животната средина.
Бразил е суверена држава или не е. Ако е суверена држава, тогаш има право да бара економски напредок на начин каков што смета дека е прифатлив. Дождовната шума им припаѓа на Бразилците. Бразилскиот пристап кој го поттикнува економскиот развој додека внимава на природната средина звучи добро. Но ги згрозува западните заштитници на животната средина кои се „алергични“ на економскиот развој. Под маската на заштитници на животната средина тие целат остварување на грдата колонизаторска намера за ставање на нациите кои не му припаѓаат на Западот под нивните правила и диктати. А тоа е пострашно од пожарите во Амазонија.