Претседателот на општина Брон во Лион, Жереми Брод, денеска доби закани за обезглавување.
Графити „Жереми Брод, ќе ти ја отсечеме главата“ и навредливите пораки испратени до општинската полиција ноќеска беа напишани на еден ѕид, пренесува порталот од Лион „Прогрес“.
Како што се наведува, околу 20 лица учествувале во пишување на графитите.
На овие закани реагираше и министерот за внатрешни работи, Жерард Дерманин, кој на својот Твитер напиша дека дал наредба да се преземат законски и други средства за заштита на Брод.