Патриотизам е кога им го градиш патот на идните генерации, правејќи држава признанена од сите, горда, исправена, еднаква со другите останати, држава на која граѓаните ќе бидат горди. Храброста на нашите борци на кои денес им се поклонуваме е мотивот кој не води секој ден, за држава исправена пред светот. Нема подобар начин да им се оддолжиме, освен со продолжување на храбрите чекори. Време е Македонија да направи историја, забрзано да продолжи на патот кон посветла иднина. Одговорот на таа шанса треба да го дадеме заеднички, никој место нас нема да донесе одлука.
Ова е пораката што ја испрати денеска од Пелинце премиерот Зоран Заев, обраќајќи се повод одбележувањето на двата илиндена.
Заев апелира граѓаните да излезат на референдумот на 30 септември и да кажат „да“ за идните генерации и за иднината на Македонија, рече дека Договорот со Грција е патриотски и дека со него се зачувуваат македонскиот идентитет, јазик и државјанство и повика на единство, наместо на поделби.
Според него, мораме да гледаме напред, времето пред нас умно, храбро и посветено да го искористиме. Имаме историска шанса Македонија да ја извелечеме од долгогодишната криза и да ги решиме длабоките проблеми. Светот едногласно ја поддржува новата политичка страница на Македонија која води кон квалитетен живот на сите во земјата.
– Да ги запреме сите поделби, да се обединиме внатре и со европското семејство за да имаме утре. Пред неколку дена го потврдивме датумот за референдумот – 30 септември. Тоа е денот на нашата нова историска одредница, денот кога ќе донесеме одлука за нашата иднина како дел од семејството на ЕУ и на најсилниот сојуз НАТО. Секој од нас поединечно ја има шансата да ја донесе оваа голема одлука. Сега е моментот. Државотворните народи препознааваат вакви историски моменети, во вакви моменти не се седи дома, не се молчи, туку шансата треба да се зграби храбро, одлучно, достоинствено, напомена Заев.
Иднината, истакна премиерот, е вистинскиот избор, секој од нас е должен да ја преземе одговорноста за својата, а со тоа и за иднината на својата земја.
– Ве повикувам да докажете дека никој не може да ве поколеба да изберете. Излезете и изберете. Демократскиот избор на граѓаните мора да се почитува, нивниот став е конечен. Уверен сум дека граѓаните ќе го направат вистинскиот избор, дека ќе го избереме патот што води напред. Никој не може да не споре, одлучни сме и решителни Македонија да успее и ќе успее, подвлече премиерот.
Според него, доста беше зробена држава, кринимал, корумпирано судство, купени медиуми, политичка мафија.
– Доста е небиднина, ќе избереме иднина, време е за иднина наместо небиднина. На 30 септември ќе ги одбиеме мракот, криминалот, незивесноста и изолацијата. Ве повикувам сите да кажете со гордост „да“, да кажеме „да“ за гарантирана стабилност и безбедност преку членство во НАТО, за признат и потврден идентитет, јазик и култура. Ние сме „за“, за нас, за нашите идни генерации, за иднината на Македонија, порача премиерот Зоран Заев од Пелинце.
Премиерот напомена дека во секој граѓанин на Македонија има по еден партизан и по еден комита.
– Заедно ја испишавме историјата, заедно ќе ја градиме иднината. Денеска, кога со сета почит и достојно се сеќаваме на двата Илиндена, од перспектива на оваа 2018 година неминовно е да се соочиме со фактот дека треба да ја прифатиме државотворната агенда – да ја градиме Македонија како држава на сите граѓани, да градиме едно општество за сите, рече Заев.
За само една година, потсети, Македонија направи пресврт иако беше соочена со низа препреки кон евроатлантските интергации. Потребна беше храброст, а одлуките не беа лесни. Дел од проблемите беа објетивни, а дел некој ги создаваше.
– Нема секогаш да добиваме шанси Македонија да биде еднаква со другите држави. Сега е шансата да го земеме нашето заслужено место, Македонија, целото општество, има голема поддршка за спроведување на суштинските реформи, уште поголема е поддршката да продолжиме со нив до конечното членство во ЕУ и НАТО. Нашите пријатели сметаат дека Маекдонија е конечно на вистинскиот правец, напомена Заев.
Осврнувајќи се на Договорот со Грција рече дека овој документ, историски гледано, е најдобрата и фер шанса за македонските граѓани, влог во македонската иднина што го расчисти патот за влез на Македонија во НАТО и почеток на преговори со ЕУ. Договорот го потврди и заштити македонскиот идентитет, го гарантира правото да се определуваме како Македонци. Нема повеќе оспорувања.
– Носиме подобар живот за сите граѓани и го чуваме богатото културно и историско наследство. Кога ќе стоиме пред јарболот на кое ќе се вее македонското знаме, ќе стоиме гордо зашто името, знамето и грбот остануваат засекогаш. Договорот го заштити целосно македонскиот јазик. Според членот 1, официјален јазик на нашата држава е македонскиот, јазикот е потврден, а идентитетот е зачуван, зачувано е и државјанството. Тоа ќе биде македонско, граѓани на Северна Македонија, „мк“ и „мкд“ се прифатени и остануваат меѓународно прифатливи кодови, посочи Заев.
Со Договорот, повтори, решаваме децениски спор, ги затвораме проблемите, го затвораме секое спорење на македонскиот идентитет, проодлжувме напред по јасен пат, ги градиме македонско-грчкото пријателство и соработка, довербата меѓу двете земји. Грција ќе биде наш сојузник и поддржувач. Тоа е новата реалност што заедички ќе ја изградиме на темелите на пријателството и на заложбите за демократија, мир и просперитет.
– Ова се силни причини и аргументи за патриотизам, аргументи за тоа што значи да ја сакаш својата земја. Патриот си кога се грижиш за она што доаѓа утре, кога ја штитиш иднината ако го сакаш најдоброто за својата земја, своето семејство и за луѓето околу себе. Овој Договор е за тоа и затоа е патриотски, нагласи премиерот.
Во обраќањето, Заев се наврати на дел од државотворните одлуки на АСНОМ кои, како што рече, се актуелни и денес.
– Ова е денот кога се оствари вековната желба на јунаците на крушевската, илинденска епопеја и на храбрите борци од МОБ, тоа е желбата на македонската држава, на генерации дејци. На овој ден е вкоренета нашата државност, оба е еден од големите историски датуми кои го одразуваат континуитетот на државноста и стремежот на граѓаните, копнежот за создавање сопствена држава. Во нашите гени ги носиме кодовите на нашите претходници, на кои се повикуваме и ја градиме иднината. Тој континуитет на вредности е карактеристика на модерните европски држави, подвлече претседателот на Владата Зоран Заев.
Официјалното одбележување во Пелинце почна со интонирање на македонската химна и со положување цвеќе во Мемроијалниот центар. Со премиерот Заев се и владини министри, меѓу кои за внатрешни работи Оливер Спасовски и за надворешни Никола Димитров.