Министерот за надворешни работи Никола Димитров, утре, 19 февруари, ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија, на покана на министерката за надворешни работи, ЕУ и соработка, Аранча Гонзалес Лаја.
– На агендата на разговорите на двајцата министри ќе се најдат прашањата за заокружувањето на процесот на ратификација на Пристапниот протокол за членство на нашата земја во НАТО, од страна на шпанскиот Парламент, соработката во рамките на евро-интегративниот процес на Република Северна Македонија, како и тековната состојба и перспективите за унапредување на севкупните билатерални односи – соопштија од МНР.
Во рамките на посетата на Мадрид, министерот Димитров ќе се сретне и со претседателот на Долниот дом на шпанскиот Парламент, Меричел Батет.