Приказната на нашиот зоо-негувател Ристе Трајковски и неговата долгогодишна зачудувачка врска со жирафите во Золошката градина во Скопје ја објави британски „Дејли стар“. Таблоидот не заборави да потсети дека неверојатните слики се фотографирани од фотографот на „Нова Македонија“ Горан Анастасовски.
Анастасовски активно се занимава со фотографија од 2006 година и главно е фокусиран на природата и светот на дивите животни. Ова не е прво објавување на дивите животни од Золошката градина во Скопје, повеќе портрети на дивите животни беа објавени и во „Дејли њуз“, „Ројтерс“, „Њујорк пост“, „Би-би-си“ и многу други.