Истрагата ја води обвинителството за организиран криминал, а неодамна побарале од управата за финансиско разузнување да им влезе во трага на парите на Дончев, открива неделниот весник “Фокус”.
Обвинителката Вилма Русковска, ја потврди истрагата, и не откри детали дали станува збор за поголема афера во која Дончев е вмешан. Дончев наводно давал услуги од областа на маркетингот и подобрување на бизнис процесите на одредена македонската фирма.
Државната комисија за спречување корупција која спротивно од фирмата која го ангажирала и исплатила констатира дека функционер не смее да има приливи од консултантски услуги.