Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов сподели видео од хулиган кој бил снимен во вторникот како го уништува почетокот на изградбата на зелениот покрив на Градскиот трговски центар во Скопје.
На снимката се гледа како мажот ги крши и фрла инсталациите на фонтаните, цевките на покривот на ГТЦ. Шилегов ја објави снимката на својот фејсбук профил со порака:
– Нема да застанеме заради вакви луѓе. Скопје ќе го биде сакал некој или не – напиша Шилегов на Фејсбук.
Град Скопје во февруари годинава почна со изградба на зелиот покрив на ГТЦ и, според најавите, требаше да биде готов во септември. Проектот предвидува да бидат зазеленити 1.800 квадратни метри, односно просторот што гледа кон Плоштадот Македонија. Ќе бидат засадени 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници. Ќе бидат поставени неколку водени зони во форма на фонтани и базени, монтажна бина, партерно шаховско поле, кафуле, како и модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди.
Зелениот кров на ГТЦ …И сторителот !!!Нема да застанеме заради вакви “луѓе”. Скопје ќе го биде. Сакал некој или не !!!
Posted by Петре Шилегов on Петок, 30 август 2019