Републиканскиот сенатор Тед Круз ќе ја предводи групата од 11 републиканци кои ќе ја оспорат победата на Џо Бајден во Конгресот следната недела.
Сенаторот Џош Хоули беше првиот кој објави претходно оваа недела дека ќе се спротивстави на конгресната потврда на резултатите од Изборниот колеџ на 6 јануари. Сите сенатори треба да дадат заклетва во недела кога ќе конституираат нов Конгрес.
Во изјавата објавена во саботата, сенаторите предводени од Круз изјавија дека ќе побараат од Конгресот да формира комисија за испитување на можни „изборни измами“.
Во рок од десет дена, комисијата треба да спроведе ревизија во сите држави каде двајцата претседателски кандидати беа изедначени. Во соопштението не е прецизирано за кои земји станува збор.
– Ако таа ревизија не биде спроведена, на 6 јануари, ќе ги одбиеме избирачите на спорните држави – наведуваат потписниците.