Сириските демократски сили (СДС), поддржани од страна на САД, го нападнаа и освоија поголемиот дел од територијата која преостануваше во контрола на Исламската држава (ИД). Официјални лица потврдија дека милитантите не сакаат да се предадат, а нивните семејства се повлека јужно од градот Багуз, во близина на брегот на реката Еуфрат, пренесува Би-би-си.
Битката за градот Багуз кој се смета за последното упориште на ИД продолжува, но СДС предупредија дека таа сè уште не е завршена. Се смета дека со падот на последното парче земја со кое владеат милитантите ќе се стави крај и на прогласениот калифат на ИД во 2014 година.
Џихадистите некогаш контролираа 88 илјади квадратни километри територија во Сирија и Ирак, спроведуваа нивни закони врз околу 8 милиони луѓе и генерираа милијарди долари преку продажба на нафта, изнуди, грабежи и киднапирања во земијте кои ги контролираа.
– По пет години борба, локалните армии поддржани од страна на светските сили ја притиснаа ИД и сега ти контролираат само неколку стотина квадратни километри – констатираат од Би-би-си.
На почетокот на март, од СДС изјавија дека започнале со финалниот напад врз градот Багуз, но курдската војска мораше да ја успори воената офанзива поради тоа што се испостави дека во местото има голема бројка на цивилно население.
Околку 20 илјади деца и жени, голем дел од нив странци, од почетокот на овој месец се евакуирани во камп контролиран од страна на СДС во градот ал-Хол. Во моментов, во кампот се стационирани 70 илјади луѓе. Дополнително, неколку илјади борци на ИД се предадоа во меѓувреме, но тие се сместени на посебни места, исто така контролирани од страна на СДС.
– Милитантите кои одлучија да останат во Багуз пружија сериозен отпор на СДС, користеа бомбаши-самоубици и автомобили со бомби, но од вчера е познато дека тие се притиснати на мало парче земја веднаш до реката Еуфрат, на кое има само шатори, оштетени возила и ровови – пишуваат од Би-би-си.
Денес, портпаролот на СДС Мустафа Бали изјави дека е преземена контролата врз последното упориште на ИД и дека преостанатите милитанти се повлекле до речниот брег.
— Mustafa Bali (@mustefabali) March 19, 2019
– Уште не можеме да кажеме дека сме победиле, но направен е сериозен напредок во борбата против ИД. Судирите продолжуваат, а дел од терористите кои остануваат опколени сè уште се подготвени да се борат – напиша на Твитер портпаролот Бали.
Тој дополни дека стотина болни и повредени милитанти се заробени од страна на СДС, откако ИД ја загуби борбата и тие се пренесени во болница. Според изјавите на Мустафа Бали, тој верува дека последните борци на ИД ќе бидат неутрализирани, но според него, доколку тие не се предадат на СДС, целосно ќе бидат уништени.
Сириската опсерваторија за човекови права пак, објави дека најмалку 14 борци на СДС се убиени, а 30 повредени од страна на борците на ИД и од нагазни мини, по нападите на последното упориште на милитантите.
Иако е очигледен и неминовен поразот за ИД, тие објавија аудио-снимка на која нивниот портпарол Абу Хасан ал-Мухаџир тврди дека калифатот не е победен. Мухаџир додатно го обвини претседателот на САД, Доналд Трамп за лажно објавување на победа на ИД овој септември во Сирија и инсистираше на тоа дека лидерот на милитантите Абу Бакр ал-Багдади уште е жив, завршуваат од престижната британска новинска куќа.