Ривалот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Бени Ганц, одби да влезе во владата со, како што рече, човекот на кого му се закануваат обвиненија.
Ганц го изјави ова откако израелскиот претседател Рувен Ривлин повторно му даде мандат на Нетанјаху да формира нова влада.
– Белата и сината партија што ја водам не сака да седи во влада чиј лидер се соочува со сериозни обвинувања – напиша Ганц на својот профил на Фејсбук.
Тој додаде дека тоа прашање е поважно за неговата партија отколку министерските места.
Нетанјаху ќе биде сослушан во почетокот на октомври пред најавените обвиненија за измама, злоупотреба на доверба во три случаи, вклучително и мито во еден од нив.