Бугарите ја поддржуваат Македонија за спорот со Грција за името, покажува најнова анкета на Галуп спроведена меѓу 9 и 16 март врз 772 лица.
Имено, 70 отсто Бугари слушнале за преговорите што во моментот ги водат Македонија и Грција за името, а само 26 отсто не слушнале за тие преговори. Според анкетата, повеќето Бугари немаат ништо против името на Република Македонија да остане какво што е.
Педесет и четири отсто од оние кои знаат за спорот со името сметаат дека не е неопходно државата да го смени името, а само 19 отсто се со спротивни ставови.
Педесет и осум отсто од запознатите со дебатата го поддржуваат народот во Македонија, и само 15 отсто застануваат на страната на Грција во спорот за името.