Владата на денешната седница одржана преку видеоконференциска интернет врска, донесе Одлука за повлекување на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, кој се наоѓа во собраниска процедура.
– Во известувањето, кое го прифати Владата беше изнесено дека во изминатиот период ресорното Министерство за транспорт и врски организираше работни средби со претставници на комори и асоцијации од областа на градежништвото, урбанизмот, претставници на граѓанскиот сектор и учествуваше во јавни дебати организирани од страна на останати субјекти, на кои беа дадени забелешки за одредени законски решенија и предлози и сугестии за нивно доуредување – соопшти владината прес-служба.
Оттаму додаваат дека Министерството за транспорт и врски ќе изработи нов Предлог-закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, согласно дадените забелешки.