Бугарија ќе купи борбени авиони Ф-16, откако собранието го отфрли ветото на претседателот Румен Радев за набавка на борбени авиони за Военото воздухопловство. За отфрлање на ветото гласаа 128 пратеници, додека 73 беа против. За потврда за купување на авионите беа доволни 121 глас.
Расправата траеше околу два часа, а опозицијата претежно не се согласуваше со условите за купопродажниот договор, сметајќи ги за непрофитабилни за Бугарија. По одбивањето на ветото за набавка на авионите, претседателот треба да ја потпише ратификацијата на договорот.