Повеќе лица се повредени утрово во бомбашки напад врз автобус, кој превезувал полицајци, во јужната турска покраина Адана, пренесува „Ројтерс“.
Повредените полицајци со возило на брзата помош биле пренесени во најблиската болница.
Вооружани полициски службеници го блокираа местото на нападот и спроведуваат истрага. Засега не е познато кој е одговорен за нападот.
Турската државна агенција „Анадолија“ пренесе дека гувернерот, Адане Махмут Демиртас изјавил дека според првичните информации нема тешко повредени.