Првичните резултати од вчерашните локални избори во Бугарија покажуваат дека владејачката партија ГЕРБ ќе ја задржи доминацијата, но со помала поддршка отколку пред четири години. Во Софија, сегашната градоначалничка Јорданка Фандакова ќе мора, за да се избори за петтиот нејзин мандат, да излезе на вториот круг против Маја Манолова, независна кандидатка која е поддржана од неколку опозициски партии. Таа доби околу 100.000 помалку гласови од минатите избори.
Локалните избори во Бугарија, судејќи според излезните анкети, повторно ја потврдија политичката доминација на партијата на десниот центар ГЕРБ на бугарскиот премиер Бојко Борисов. Главниот противкандидат, социјалистите и либаралите од прозападниот блок, не успеаја да остварат мнозинство во главниот град Софија и другите поголеми градови, пренесуваат американските медиуми. Излезеноста на гласачите вчера изнесуваше 43 отсто, а набљудувачите наведуваат дека многумина не сакале да гласаат, бидејќи сметале дека изходот од изборите е однапред познат.
На 3 ноември ќе се одржи вториот круг од гласањето.Точно 6.227.901 избирач со право на глас на овие локални избори во Бугарија бираа претседатели на општините, општински советници и власт на други локални нивоа.