Претседателот Доналд Трамп е сам дома во Белата куќа на Божиќ, викајќи по противниците додека неговата администрација тоне подлабоко во криза и берзата е во слободен пад, а американската влада е парализаирана по делумната блокада, објавува Си-ен-ен.
Доналд Трамп ги поминува празниците како и поголемиот дел од годинава, предизвикувајќи хаос и зголемувајќи ја загриженоста во Вашингтон, како и низ светот, поради импулсивното однесување поттикнато од неговата фрустрираност.
Меѓу причините за гневот на претседателот претставуваат работењето на Централната банка, како и падот на берзанските индекси во САД, и покрај напорите на неговата администрација за спречување на ваквата состојба.
Берзанските индекси вчера забележаа пад од два отсто, со што станува извесно дека декември ќе биде најлошиот месец за акциите на берзата уште од 1931 година.
Трамп го помина Божиќ критикувајќи ги демократите и останатите политички неистомисленици. Тој се осврна и на критиките за неговата одлука за повлекување на американските трупи од Сирија, како и на одлуката на Џејмс Матис да ја напушти функцијата секретар за одбрана. Американскиот претседател го критикикуваше и Џером Пауел, раководителот на Федералните резерви на САД, затоа што не е
задоволен со работата на оваа служба поради зголемувањето на
каматните стапки.
– Јас сум сосема сам во Белата куќа, чекајќи ги демократите да се вратат и да се постигне спогодба за очајнички потребната безбеност на границата – напиша американскиот претседател на Твитер.
Демократите набргу потоа упатија заедничка изјава, како одговор на обраќањето на Трамп.
– Бадник е, и претседателот Трамп ја турка земјата во хаос. Берзата е во пад и претседателот води лична војна против Федералните резерви, откако го отпушти секретарот за одбрана – се наведува во соопштението на Демократската партија.
Беше предвидено Трамп да ги помине празниците во резиденцијата во Мар-а-Лаго, каде што замина првата дама Меланија Трамп, но блокадата на владата ги смени плановите на американскиот претседател.