Ангел Димитров, копретседателот на мешовитата комисија за историски прашања, продолжува со своите контроверзните изјави.
По одржувањето на последниот состанок на македонско-бугарската комисија, Димитров за бугарскиот медиум „Nova News“ информираше дека не бил постигнат резултат. Според него, ова е петти последователен состанок годинава без резултати.
– Имаше разговори и тензии, немаше резултати. Историскиот контекст ја исклучува поделбата што постои. Се што се случило на територијата на денешна РСМ е последица на дејствувањето на бугарската држава – објасни тој.
Во врска со неодамнешните македонски изјави дека Св. Климент Охридски е основоположникот на македонската духовност, Димитров рече дека овој говорот не е изненадување и е во согласност со политичкото однесување на македонските лидери во изминатата година.
– Изненадувачки е што на една од претходните средби дадовме препорака до владите на двете земји за заедничко празнување на празниците на браќата Кирил и Методиј, како и на други значајни личности. Во препораката беше јасно наведено дека за ова постои договор меѓу двете земји, кој, сепак, очигледно до денес е заборавен – вели Димитров за „Nova News“.
Според него, јасна е неподготвеноста за промени на основите на македонизмо, како и неспособноста на македонската држава да го промени она што ги дефинираат постулатите на доктрината на македонизмот.
– И по осамостојувањето на РСМ се создаде политичка слика дека државата се менува без да менува ништо од нејзината природа – додаде тој.
Според Димитров, Бугарија сака да види брзи промени во Македонија, но рокот до 15 јануари е крајно недоволен и нема политичка желба за тоа.