Претседателот на САД Доналд Трамп соопшти дека вршителот на должноста секретар за внатрешна безбедност, Кевин Мекалинен (48) поднел оставка, а следната недела ќе биде назначен нов.
– Кевин, по многу години во владата, одлучи да минува повеќе време со своето семејство и да биде во приватниот сектор – објави Трамп на Твитер.
Мекалинен во април годинава е четвртиот функционер кој е поставен да раководи со Министерството за внатрешна безбедност од почетокот на претседателството на Трамп.