Адвокатите Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев кои ја застапуваат Катица Јанева денеска го продолжуваат увидот во доказите кои Одделот за организиран криминал и корупција ги има против поранешната специјална јавна обвинителка за аферата „Рекет“.
И Јанева била под посебни истражни мерки за овој случај, покрај осомничените Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец.
Јанева неделава треба да го дознае одговорот на Вишото јавно обвинителство за нејзината жалба во однос на понудената гаранција да се брани од слобода.
Во предмет „Рекет“ отворен во јули, Јовановски е притворен, а на Милевски затворскиот притвор му беше заменет за домашен, додека барањето на Јанева да биде префрлена во домашен притвор беше одбиено од Кривичен.