Како доктор, кој цел мој професионален живот сум го посветил во лекување на моите сограѓани и како прв човек одговорен во Клиничката болницата во Тетово, со која раководам последниве години, чувствувам морална и етичка одговорност од страшниот настан во кој згаснаа човечки животи, напиша директорот на тетовската болница, Флорин Бесими, на својот профил на Фејсбук, соопштувајќи дека дава оставка од раководното место директор на Клиничката болница Тетово.
– После овој трагичен и несреќен настан, оваа одлука е неминовна. Во исто време, се надевам дека ќе заврши што побрзо целосната истрага и ќе се утврдаат причините за пожарот во модуларната болница во Тетово за пациентите со ковид-19.
Мојата оставка нема да ги утеши семејствата, но верувам дека ќе постави една морална линија, која сите како општество сме ја заборавиле. Загубата на човечки живот во една ваква состојба е голема трагедија. Функцијата не е пред достоинството и човечноста. На повредените им посакувам побрзо да закрепнат! Јас, со целосна доверба целиот мој живот сум го посветил за здравјето на граѓаните и на нашето општество.
Изразувам почит и сочувство кон моите тетовчани, и останувам во нивна постојана услуга. Господ да го благослови моето Тетово и моите тетовчани! – пишува Бесими.