Шест членови од едно семејство синоќа биле убиени во населбата Кајзерица, во Загреб, а седуммесечно бебе е единственото преживеано.
Како што соопшти полицијата, убиени се двајца мажи, три жени и 10-годишно дете. Убиецот извршил самоубиство.
На местото на масакрот се уште се врши увид, јавија хрватските медиуми.
Според „Вечерњи лист“, станува збор за семејно насилство, при што меѓу загинатите се поранешната сопруга на убиецот и нејзиниот нов партнер.