Советот за безбедност на Обединетите нации денеска едногласно усвои резолуција во која се нагласува дека новата талибанска власт во Авганистан мора да формира инклузивна влада со целосно, еднакво и значајно учество до 2022 година, што ќе им даде време на членовите да ги проценат своите постапки за почитување на човековите права.
Резолуцијата усвоена од Советот за безбедност на ОН го продолжува тековниот мандат на политичката мисија на ОН во Авганистан за шест месеци, објави АП.
Претходно денеска амбасадорот на Авганистан, кој ја претставуваше соборената администрација во ОН, Гулам Исакзај, побара да остане на таа позиција во Њујорк, соопшти портпаролот на ОН, Фархан Хак.
Според него, Исакзај потпишал писмо испратено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, со список на авганистанската делегација за Генералното собрание.
Не е познато дали талибанците, кои ја преземаа власта во Авганистан минатиот месец, ќе предложат свој претставник во ОН.
Хак посочи дека Исакзај го испратил своето барање за акредитација, ден по почетокот на седницата на Генералното собрание.