По речиси десет часа дискусија, со 64 гласа „за“, Собранието ги разреши министерот за финансии, Драган Тевдовски, министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу и вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор, Хазби Лика.
Претходно, премиерот Заев најави дека го повлекува предлогот тој да биде и министер за финансии, но дека сепак ќе ја преземе функцијата до именување на нов министер.
Пратениците преминаа и на последните точки од дневен ред кои се однесуваат на статутите на универзитеите „Кирил и Методиј“ и тетовскиот.