Осумнаесет луѓе загинаа денеска при уривање на воен хеликоптер во Етиопија, пренесе агенцијата дпа.
– Хеликоптерот се урнал додека летал кон воената база во градот Бишофт – рече Адису Арега, локален функционер.
Петнаесет загинати се воен персонал, покрај тројца цивили, од кои две биле деца.
Причината за уривањето не е позната.
Етиопиското воено воздухопловство употребува хеликоптери произведени во Русија, а кои се користат за мировните мисии во Јужен Судан и Сомалија.