„Боинг“ го отпушти извршниот директор на компанијата, Денис Миленбург, чекор кој според бордот директори бил неопходен за да се поврати довербата во фирмата.
Функцијата извршен директор и претседател на компанијата, на 13 јануари следната година ќе ја преземе Дејвид Калун.
Миленбург се соочи со барања да поднесе оставка поради одговорноста на компанијата за двете трагични несреќи, во кои беа вклучени најдобрите модели на авиони 737 Макс.
Поради тоа, овие модели на „Боинг“ се приземјени од март годинава. Минатата недела компанијата објави дека го прекинува нивното производство, додека ја чека потврдата за безбедност на авионите од страна на регулаторите.