Јавното обвинителство соопшти дека не може да сподели детали по завршеното вештачење на вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Вториот мобилен телефон на Јанева беше пронајден на 23-ти овој месец со следење на ИМЕИ бројот, со помош на мобилен оператор, по дадени насоки на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Претходно беше пронајден само еден телефон на Јанева, додека беше соопштена информација оти нејзиниот втор телефон бил загубен.
Телефоните на специјалната јавна обвинителка беа одземени и дадени на вештачење, со цел да се утврди нејзината комуникација со Бојан Јовановски, првоосомничениот во случајот „Рекет“.