По повод празникот 11 Октомври, со почеток во 17.30 часот, од Музеј на град Скопје кон улица Македонија“, па се до плоштадот, Градскиот дувачки оркестар ќе одржи променаден концерт.
На оваа музичка променада, членовите на оркестарот ќе ги изведат следниве дела:Младинска чекорница, Вардаре македонски, Патриотска чекорница, Народе македонски, Работнички марш, Ваташа и Огномет на слободата.
Градскиот дувачки оркестар, кој работи под покровителство на Град Скопје, составен е од членови главно професионални музичари. Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници, најразлични настани, давајќи им свечена нота.