Ненси Пелоси реши да биде директна и вчера го употреби тешкиот збор на „и“. Но актуелната политика е станата племенска, па дури и примитивна за разлика од 1990-тите години

Политико

Пред една недела, идејата за постапка за импичмент против претседателот Доналд Трамп беше нешто што повеќето жестоки и борбени демократи го сакаа, но не и посмирените и пресметливи нивни сопартијци. Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, која претходно беше главен глас на скептиците, вчера го смени ставот.

Процената на Пелоси делумно се должи на новите факти во однос на постапките на Трамп со Украина, делумно поради промената на политиката во нејзината политичка група, делумно поради тоа што не може сè да помине и колку долго таа може да го толерира отпорот на Трамп кон Конгресот.

Пелоси, која веќе претходно беше во Конгресот 11 години во периодот кога Бил Клинтон доби импичмент во 1998 година, многу добро знае каква е процедурата. За сите уставни замки се работи за политичка вежба, а не криминална. Фактите и законите се важни, но се второстепени. Друго прашање е најважно, а тоа е „на чија страна сте?“.

Генерално, пресметките на Пелоси и оние на демократските лидери се базирани врз преглед на историјата, според која, ако станува збор за заземање страни дали Трамп е способен да ја извршува функцијата, државата постапува како да е во 1974, а не како во 1998 година.

Прво, Демократите ја искористија заканата за неизбежен импичмент за да го отстранат републиканскиот претседател од функцијата за да соберат голем број на политички поени. Пред крајот на скандалот со „Вотергејт“, дури и приврзаниците на републиканската партија остро го критикуваа Ричард Никсон затоа што ја злоупотребил функцијата.

Второ, пред 21 година Републиканците пресметаа дека официјалниот ритуал на постапката за импичмент ќе направи своја динамика за да го тргне Клинтон од функцијата, иако поголемиот дел од јавноста беше против. Како што се случи, главниот застапник на републиканската стратегија, претседателот на Претставничкиот дом Њут Гингрич, набрзо беше присилен да си поднесе оставка. Американскиот претседател имаше висок рејтинг од 50 отсто две години пред неговиот реизбор, па така Сенатот многу лесно го ослободи од обвиненијата додека имаше поддршка од речиси 70 отсто од народот.

Но ова не е 1974 година. Племенските инстинкти кои ја поттикнуваат политиката на заземање страни беа во зачеток во 1990-тите години, а сега ја засенуваат речиси секоја интеракција на современата политика.

Актуелната претседателка не може да верува дека внимателната и праведна истрага што ќе ги обелодени престапите на Трамп ќе натера многу републиканци од Претставничкиот дом или нивните сопартијци во Сенатот, ако успешниот импичмент доведе до судење, да речат „жал ми е, ама доказите се прилично убедливи“.

Барем е замисливо дека парадата од нови докази или новоспакуваните докази би можеле конечно да ги натераат самозаштитените републиканци среде изборна година да му се обратат на најголемиот бизнисмен меѓу претседателите на јазик кој нема да му се допадне, но ќе го разбере: „извини, ова е само бизнис, но, или си сам или немаш наша поддршка“. Токму ова се случи во 1974 година кога на крајот делегацијата на републиканци од Сенатот, кои беа во посета во Овалната соба, го натера Никсон да се повлече.

Поверојатно е дека по повеќето партиски гласови за импичмент во Претставничкиот дом ќе следи и партиско гласање во Сенатот, во кое во изборната година Републиканците ќе мора да го бранат она што Демократите го сметаат за неодбранливо.

Според ова, обвинението дека Трамп ја користел својата функција и воената помош за да изврши притисок врз Украина за да отвори истрага против синот на Џо Бајден, претставува таква јасна злоупотреба на моќ што републиканските кандидати ќе платат висока цена затоа што дозволиле нивната партија да стане протрамповска.

Дури кога републиканските лојалисти на крајот ја повлекоа поддршката за Никсон, партијата беше прегазена на изборите во 1974 година, по неговата оставка во август, што резултираше со бран на млади либерали да дојдат на моќни позиции, а во некои случаи да ги задржат цела генерација. Реакцијата беше доволно силна за Џими Картер да го победи Џералд Форд во 1976 година.

Како што Пелоси веќе знае, политиката на заземање страни не е секогаш предвидлива. Гингрич во 1998 година процени дека ќе следат лавина реакции кога пред јавноста ќе бидат презентирани детали за аферата на Клинтон со Моника Левински и лагите што тој ги наведе во јавното и судското сведочење за да го прикрие своето однесување. Како поддршка на оваа цел, тој побара целосно објавување во јавноста на извештајот од истрагата на обвинителот Кенет Стар, кој изобилуваше со порнографски детали за пури и фелацио во Овалната соба.

Во јавноста имаше негативни реакции, но беа свртени кон Гингрич и кон републиканците. Несвесно им помогнаа на Клинтон и на неговата одбрана да го постават прашањето за заземање на страни. Главното прашање не беше дали луѓето ја одобруваа аферата на Клинтон или да добијат погрешна претстава, туку кого ќе поддржат гласачите, Клинтон или Гингрич. Џеј Лено се шегуваше дека Клинтон имал толку добар рејтинг што „веќе го планира следниот секс-скандал“.

Токму ваквиот страв од негативни реакции, односно обидот да се отстрани Трамп преку уставен процес што на крајот може само да му ја зацврсти функцијата и да му ги зголеми шансите за реизбор догодина, беше причината поради која Пелоси и нејзините истомисленици не брзаа со импичментот.

Скандалите на Трамп се поразлични од оние на Клинтон. Најважно е што обвиненијата кои Пелоси сака да се истражуваат, вклучуваат официјални должности, меѓу кои наводно мешање на надворешна политика со сопствени политички интереси. Рејтингот на Клинтон кај народот многу варираше според околностите. Одразувајќи ја племенската природа на неговиот шарм, поддршката и критиката за Трамп речиси се на исто ниво.

Дури и да е така, сепак има некоја доследност. Базата на поддршката за Трамп, која го донесе на власт и остана зад него и покрај контроверзните вербални испади, низата оставки и обвиненијата за највисоките советници во истрагите на Роберт Милер, се врти околу неговата способност да го постави старото и добро познато прашање на неговите најлојални поддржувачи, кое гласи: на чија страна сте?

Подготвила: Билјана Здравковска