Италијанскиот остров Стромболи северно од Сицилија, вчера беше погоден од голем број опасни вулкански ерупции, а во една од нив загина едне турист. Сведок на експлозијата била една хрватска држајанка која што работи на приватна јахта и била во близина кога се случила ерупцијата. Таа за хрватските медиуми раскажува дека безгрижно се капеле на островот, кога се случила ерупцијата од која пепел имало на сите страни, што предизвикало паника и страв.
– Тука бевме неколку дена и секој ден го гледавме вулканот кој секој ден исфрлаше лава по малку, но не беше страшно. Утредента требаше да одиме во туристичка посета на вулканот. Се забавувавме на островот, кога се случи ерупцијата. Беше во исто време и фасцинантно и застрашувачко. Во подножјето има едно село со 800 луѓе, се чинеше дека повеќе нема да постои. Како што слушнав две лица побарале помош, додека останатите се добро. Пепел имаше насекаде околу нас, кога го напуштивме островот и отпловивме – вели Ана Тадеј (36).
Едно лице загина во ерупцијата на вулканот на италијанскиот остров Стромболи. Локалните медиуми јавија дека станува збор за турист кој се искачил на врвот на вулканот кога се случила ерупцијата.
– Прво слушнавме експлозија, па црн чад се надви на небото над нас. Потоа видовме и пламен на падините на вулкани”, раскажуваат туристи.