По 12-часовно пребарување, полицијата ликвидирала вооружен човек, кој уби најмалку 17 лица, меѓу кои и една полициска службеничка во канадската провинција Нова Шкотска, јавуваат канадските медиуми.
Напаѓачот е идентификуван како 51-годишниот Габриел Вортман. Тој бил пронајден на бензинска пумпа на 30 километри од Халифакс, главниот град на Нова Шкотска, се вели во соопштението на полицијата објавено на Твитер. Вортман бил убиен во пресметка со полицијата, пренесува Би-би-си.
Statement from Nova Scotia RCMP Commanding Officer, Assistant Commissioner Lee Bergerman https://t.co/mV9IcRqe2B pic.twitter.com/yRaL8F8EdS
— RCMP, Nova Scotia (@RCMPNS) April 19, 2020
Вортман бил во бегство од саботата навечер. Беше објавено дека тој управувал полициски автомобил и носел полициска униформа.
Засега не се познати мотивите за масакрот, но според првичните информации, некои од убиените немаат никаква врска со напаѓачот.
Споменувајќи го пукањето за време на дневната конференција за коронавирус, канадскиот премиер, Џастин Трудо, рече дека станува збор за „ужасна ситуација“ и ѝ се заблагодари на полицијата.