Европската комисија(ЕК) ќе им препорача на земјите-членки на ЕУ да прекинат со поместувањето на стрелките на часовникот, односно со летно и зимско сметање на времето.
Ова го најави претседателот на телото, Жан-Клод Јункер, објави АФП.
– Ние спроведовме истражување, милиони одговориле и верувале дека во иднина летното сметање на времето треба да биде преку целата година и
ова ќе се случи”, изјави луксембуршкиот политичар за германската телевизија ЗДФ, објаснувајќи дека ЕК официјално ќе се произнесе по ова прашање подоцна во текот на денот.
На почетокот на февруари оваа година, 384 пратеници гласаа за “укинување”
на поместувањето на стрелките, а 154 беа против. Со резолуцијата, ЕП ја повика ЕК да ги испита недостатоците што се јавуваат при промена од зимско во летно време и обратно.