Шпаркасе Банка Македонија почнувајќи од 3.10.2018 година, ги презема активностите и функцијата на Банка чувар на имот на средствата на пензиските фондови со кои управува КБ Прво пензиско друштво АД Скопје. По добиеното одобрение од Агенцијата за супервизија за капитално финансирано пензиско осигурување на Р.Македонија, Шпаркасе Банка Македонија стана депозитарната банка Чувар на имот на средствата на пензиските фондови КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд.
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје е акционерско друштво што управува со средства на пензиски фондови во Р. Македонија и е основано од реномирани финансиски институции, Комерцијална банка АД Скопје и Prva Group plc од Љубљана. Нивните фондови и инвестициски стратегии се добитници на престижни меѓународни награди и признанија и управува со најмногу средства на членовите во системот на капитално финансирано пензиско осигурување.
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Шпаркасе Групацијата, која се состои од 49 штедни банки и која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Зaедно со другите банки-ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот на Штаермеркише Шпаркасе, која со својата билансна сума од 15 милијарди евра, 2.751 вработени и 233 експозитури и регионални центри, опслужува околу 702.414 клиенти во овие земји од регионот на Југоисточна Европа.