Финската Влада одлучи да не го продолжи пилот проектот за исплата на основниот приход, што привлече големо внимание кај светската јавност.
Во моментов, 2.000 невработени Финци месечно добиваат 560 евра како основен приход.
– Владата ја губи желбата да го продолжи финансирањето – вели Оли Кангас, еден од авторите на експериментот.
Финска го започна двегодишниот пилот-проект во јануари 2017 година, како прва европска земја која го тестира безусловниот основен приход. Случајно беа избрани 2.000 учесници, сите невработени.
Сепак, проектот нема да биде продолжен по оваа година, а Владата истражува други опции за реформа на финскиот систем за социјална заштита.