Неодамнешните извештаи во медиумите во врска со транспарентноста на стечајниот процес може да се објаснат само како злонамерни во однос на ФЕНИ Индустри и неговата иднина, велат од компанијата.
– ГСОЛ и ЕуроНикел ги преземаат сите неопходни активности за да го изразат своето искрено изненадување и бараат целосна правна заштита – се вели во соопштението.
– ЕуроНикел ја има целосната поддршка на матичната компанија ГСОЛ и е посветена на заживување на ФЕНИ и инвестирање во идниот раст. Имаме финансиски и технички ресурси за да дадеме резултати кои долгорочно ќе бидат од корист за македонската индустрија – изјави Маркос Камис, директор на GSOL.