Усогласување на платите во јавниот сектор во согласност со покачувањето на минималната плата и исплата на К-15 во јавниот сектор, побара Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) на завчерашниот протест, кој почна пред Собранието и заврши пред Владата.
Претседателот на КСС, Благоја Ралповски, посочи дека тие се и против секаков трансфер на вработени од јавниот во приватниот сектор.
– Бараме усогласување на платите во јавниот сектор со покачувањето на минималната плата, кое во моментот е 25 проценти. Бараме и исплата на К-15 во јавниот сектор бидејќи сме дискриминирани, а не се согласуваме и со трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор – изјави Ралповски.
Toj посочи дека претходниот ден биле повикани од службите во Владата, но иако барале, не оствариле средба со премиерот и со министрите. Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски, рече дека се приклучуваат кон протестот на КСС и на барањата за зголемување на платата за 25 проценти во образованието. Неделковски нагласи дека ова е последен предупредувачки протест пред генерален штрајк во дејностите на СОНК и во сите дејности на КСС.