Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,5 денар/литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат и остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 5 јули годинава.
Од 13 јули, од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 74 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 63 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 37,719 (денари/килограм)