Фото: Илустрација/Aрхива

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 0,5 денари/литар.

Малопродажната цена на „евродизелот“ (Д-Е В) не се менува и останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.6.2021 година.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,567 ден./кг и сега ќе изнесува 37,719 ден./кг.

Од 6.7.2021 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 71,5 (денар/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 73,5 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е В) – 63 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 63 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 37,719 (денари/килограм)