Брзиот раст на цената на златото на светските пазари продолжува и понатаму. Инвеститорите го купуваат овој скапоцен метал пред сѐ за да се обезбедат материјално, а промената во однесувањето е предизвикана од ширењето на епидемијата на коронавирусот и влијанието на кинеските мерки врз глобалната економија.
Само во текот на овој месец, цената на златото пораснала за 1,57 процент, па сега една унца се продава по 1.645,95 долари.
Брзиот раст на цената на златото е забележлив овој месец. Имено, на почетокот на февруари, унца злато вредеше 1.550 долари.
Од друга страна, бројот на новозаболени во Кина и во светот продолжува да расте. Иако засега епидемијата најголемо негативно влијание има врз Кина и врз кинеската економија, сепак, голема е опасноста таа да се одрази и врз глобалната економија.