Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Цените на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1 денар за литар и со тоа малопродажната цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 67 денари, на еуросупер БС-98 ќе изнесува 69 денари за литар, додека на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 47,5 денари за литар.
Дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапи за половина денар на 58,5 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,425 денари на 33,565 денари за килограм.
Клучните фактори што влијаат на крајната цена согласно Методологијата за формирање на цените е курсот на денарот во однос на доларот и референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.