Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат половина односно еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 денари за литар на 72 денари.
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе поскапат за 1 денар.
Со тоа, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 74 денари за литар, на дизелот 63,50 денари, додека на Екстра лесното масло за домаќинство 52 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,078 денари за килограм и со тоа цената на мазутот М-1 НС од ноќеска на полноќ ќе изнесува 34,377 денари за килограм.