Планот 18 е во почетна фаза и се однесува на активности што треба да се преземат до крајот на 2018 година врз основа на Извештајот од Европската комисија, изјави денеска владниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што соджри Планот 18.
– Овој план Владата на Република Македонија го утврди заедно со Европската комисија врз основа на Извештајот, што го добивме во вторникот. Се работи за план што е во почетна фаза и наскоро ќе имаме драфт – рече Бошњаковски.
Посочи дека се работи за имплементација на активности до крајот на 2018 година.
Вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Бујар Османи вчера најави дека во претстојниот период Владата влегува со новиот план 18 што ќе биде фокусиран на она што треба да се стори до и по јунскиот Самит на ЕУ.