Шестото издание на „Бизнис трофис 2021” се одржа во Париз на иницијатива
на списанието „Километре антреприз“. „Пежо е-208“ ја освои првата награда во категоријата „Електрик бизнис 2021“.
Наградите беа доделени од жири составено од четиринаесет новинари, од кои 12 беа од редакцијата на „Километре антреприз“. Станува збор за девет „бизнис“ трофеи, за вкупно 79 возила избрани помеѓу иновативните креации, што ги исполнуваат критериумите за професионална употреба во компаниите. Во категоријата „Електрик бизнис“ за 2021 година, „пежо е-208“ победи 11 кандидати со вкупно 20 поени и ја освои првата награда.
„Пежо 208“ веќе доби 26 награди од неговото лансирање во октомври 2019 година, вклучувајќи ја и наградата за „автомобил на годината во 2020 година“. Новиот „пежо 208“ ги вклучува најновите стилски кодови на Брендот, особено со иновативниот „пежо ај-кокпит“ со 3Д-инструмент табла, при тоа безбеден и естетски.
Тој им овозможува „слобода на избор“ на идните клиенти, бидејќи нуди верзии со три различни мотори: електричен, бензински и дизел.
– Многу сме горди што „пежо е-208“ е признат како најдобро деловно електрично возило на годината. Стратегијата на брендот за создавање производ на оваа мулти-енергетска платформа е наградена и дозволува „пежо 208“ да биде препознатлив по неговите внатрешни квалитети. Имаме амбиција да го зголемиме обемот по оваа година на целосна комерцијализација, „пежо е-208“ има најдобри трошоци за употреба во својата категорија и ние мора да продолжиме да напредуваме за да достигнеме пазарен удел со „пежо е-208“ повисок од оној на „пежо 208“ со мотор со внатрешно согорување рече – истакна Уг ду Лаж, Б2Б менаџер за продажба во Франција.“