На Волстрит вчера паднаа цените на акциите, особено во енергетскиот сектор, што е последица на историскиот пад на терминската цена на нафтата на американските пазари под нула, бидејќи трговците поради слабата побарувачка немаат на кого да ја продаваат, но ни каде да ја складираат.
„Доу Џонс“ потона 592 бода или 2,44 проценти, на 23.650 бодови, додека „Ес енд Пи“ 500 или за 1,79 отсто, на 2.823 бода, а Насдак индекс 1,03 проценти, на 8.560 бодови.
Најмногу или 3,7 отсто паднаа цените на акциите во енергетскиот сектро, бидејќи на американските пазари терминската цена на сировата нафта за првпат во историјата е негативна во договорите за испорака во мај. Продавачите нудат 37 долари по барел на секој трговец кој сака да го преземе.
Тоа е последица од падот на побарувачката на нафта, бидејќи милијарди луѓе во светот остануваат дома поради строгите мерки за сузбивање на коронавирусот.