Цените на нафтата паднаа денеска на меѓународните берзи кон 53 долари под притисок на зголеменото производство од страна на производителите во составот на Организацијата на земји извознички на нафта(ОПЕК) и надвор од неа, како и заради загриженоста од забавувањето на економските активности.
На лондонската берза цената на барелот падна 33 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 53,47 долари. На американскиот пазар ослабе 40 центи, на 45,01 долар.
ОПЕК утрово објави дека цената на барелот на референтната кошничка од неговата нафта во петокот изнесувала 51,55 долари и паднала 80 центи во однос на претходниот трговски ден.