Дејвид Нилман, основачот на авиокомпаниите ВестЏет и ЏетБлу, најави дека планира да отвори нова нискобуџетна авионска компанија.
Нилман рече дека во компанијата, за која се очекува да биде наречена Мокси, ќе вложи 100 милиони долари и дека ќе почне со 60 летала од типот Бомбардиер ЦС300.
Меѓу инвеститорите е и поранешниот директор на Ер Канада Роберт Милтон.