Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалуваат за 1,50 денар/литар, додека малопродажните цени на еуродизел (Д-Е В) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,5 денар/литар, информираат од Регулаторната комисија за енергетика.
Така од полноќ, литар еуросупер БС – 95 ќе се точи за цена од 59 денари, а цената на еуросупер БС -98 ќе биде 61 денар за литар.
Повисоки ќе бидат цените на еуродизел БС (Д-Е В) и екстра лесното масло за домаќинство кои ќе се продаваат по 50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,302 ден/кг и ќе изнесува 25,968 денари.