Економските оператори што организираат игри на среќа може да ја продолжат својата дејност онлајн, одлучи Владата.
– Со оваа уредба се обезбедува можност за наплата на приходи во Буџетот кои до донесувањето на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот, се генерираа од обложувачниците, автомат клубовите и казината и кои престанаа да се наплатуваат бидејќи на 15 март 2020 година приредувачите на овие услуги ги затворија сите уплатно исплатни места и деловни простории во кои ги приредуваат игрите на среќа – соопшти Владата.
Со уредбата, појаснуваат од таму, им се овозможува на обложувачниците, автомат клубовите и казината да ја продолжат онлајн својата дејност, со што, како што се наведува во соопштението, се создаваат услови да се сочуваат 7.500 работни места во оваа дејност.