Германските синдикати повторно ги повикуваат пилотите и летачкиот персонал на Рајан ер во таа земја утре да стапат во еднодневен штрајк, поради, како што наведуваат, изостанувањето на задоволителна понуда на плата и условите за работа.
Синдикатот „Кокпит“ ги повика пилотите да стапат во штрајк во траење од 24 часа, почнувајќи од 03 часот по полноќ во среда, пренесува агенцијата АП.