Собранието на Република Македонија на 46. седница ја именуваше д-р Анита Ангеловска Бежоска за гувернерка на Народната банка на Република Македонија (НБРМ). За неа гласаа 81 пратеник, воздржани и против немаше.
Ангеловска Бежоска е првата жена-гувернер на НБРМ, а на оваа позиција доаѓа од вицепремиерското место во Банката.
Нејзин претходник беше Димитар Богов.